СОУВАНЧО ПРКЕ

ДОБРОДОЈДОВТЕ

Нашето училиште е отворено за секој ученик кој сака да ги развива индивидуалните способности и афинитети,училиште отворено за постигнување високи квалитети,создавање одговорност,позитивна работна клима и трајни човечки вредности. Овозможуваме индивидуален,професионален и емоционален развој на личноста,со истивремено вклучување во практиката со можност за креативна прилагодливост на предизвиците на новото време.

Информации

Визија на училиштето

Да создадеме од нашето училиште безбедна,современа и високо квалитетна образовна институција која ќе ги поттикнува и негува животните вештини,интегрирајќи ги еколошките вредности , ќе ги оспособи учениците кон практична примена на нивните знаења и нивно успешно интегрирање во практиката и во демократското општество.

Гимназиско образование

ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ И ПРЕДНОСТИ НА ФАКУЛТЕТИ

ПРВА ГОДИНА:иста содржина за сите ученици

ВТОРА ГОДИНА:еден изборен предмет по желба на ученикот

ТРЕТА ГОДИНА:три изборни подрачја

ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Комбинација А (предности на електротехнички, градежен, арихитектонски, машински, рударски и природно математички(информатика, физика и географија ))

Комбинација Б (предност на медицински, земјоделски, ветеринарен, технолошки и природно математички(хемија, биологија, физика и географија))

ОПШЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Комбинација А (предност на економски, правен, филозовски и филолошки факултет)

Комбинација Б (предност на филозовски, филолошки, полициска академија и педагошки факултет)

ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Комбинација А (предност на филозовски, филолошки и педагошки факултет)

Комбинација Б (предност на филозовски, факултет за драмска, музичка и ликовна уметност)


Новости


ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ЗА СОУ„ВАНЧО ПРКЕ“-ВИНИЦА

Како дел од националната и интернационалната мрежа на еко-училишта, за СОУ„Ванчо Прке“ и последните две учебни години 2014/15 и 2015/16 поминаа во знакот на екологијата. Работевме согласно четирите еко-стандарди, учествувавме во многу еколошки активности, конкурси и проекти за унапредување на здравјето, хигиената и подигање на свеста за здрава еколошка средина. Потврдата за максималната реализација на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ е и трето зелено знаме за СОУ„Ванчо Прке“ по распишаниот конкурс од страна на МОН и невладината ОХО.


ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ 29.12.2016

СОУ„Ванчо Прке“ како еко-училиште кое континуирано ја спроведува програмата од проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ го одбележа Меѓународниот ден биолошката разновидност со презентација за биодиверзитетот во Р.Македонија.Целокупната идна работа во рамките на оваа програма ќе продолжи во второто полугодие со цел до крај да се реализираат сите предвидени еколошки активности за учебната 2016/17 година.


ПРОМОВИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ РАЗГОВОР


Во нашето училиште имаше филмски проекции и презентации на тема климатски промени за основните и средношколците, организирани од страна на младинците (ученици) од нашето училиште, кои и оваа година беа дел од Младинскиот Летен Камп за климатски промени кој летово се одржа во Струга во рамки на истиот проект. Целта на овие активности е да се поттикнат младите ефективно да дејствуваат во борбата против климатските промени и поттикнувањето на одржливиот развој на локално ниво.


СОУ „Ванчо Прке“- Виница спроведе активности поврзани со Проектот „Македонија без отпад“. Активностите беа поврзани со чистење и носење на стара хартија за рециклирање. Во активностите активно беа вклучени вкупно 33 ученика од машинската струка.


Интернационален натпревар за млади научници (ICYS).На овој меѓународен натпревар учествуваа и ученици од нашето училиште во неколку категории.Освоени се бронзен медал и специјална награда.


Бронзениот медал го освои ученикот Петар Бубински


Галерија

Контакт