Loading...

  • Еразмус+ Турција,март 2018

    Младинскиот проект „Спорт наспроти насилство“ под покровителство на Еразмус+, подготвен од „Груп моушн“, а поддржан од Европската унија и Турската национална агенција, беше оддржан од 10-17ти март 2018 година во Дузџе, Турција. 42 млади луѓе од 5 земји (Турција, Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија) учествуваа во проектот. Виничката гимназија „Ванчо Прке“ имаше свој тим од 7 претставници на проектот (6 учесници и 1 лидер), кои активно беа дел од целиот настан. Целта на проектот беше да им се укаже на младите преку средби, групна работа и дискусии дека спортот може да го намали насилството. Партнерските организации ги разменија своите искуства за спречување на насилството преку спортот, а преку испробувањето невообичаени спортови се зголеми желбата помеѓу нив за посветување поголем дел од своето време на спортски активности. За време на проектот беа приготвени и нови предлози за намалување на насилството меѓу младите, а се допре и до целната група и локалните жители коишто беа охрабренида го спречат насилството преку примена на спорт. Културните активности даваат добра основа за меѓукултурно учење и развивање на толеранцијата и почитта. Учесниците добија „Youthpass“ сертификат за нивниот успех во реализирањето на меѓукултурното учење преку запознавање на разни култури, посебно турската култура и традиција.

  • Previous photo
    Next photo